Српскиот ветеран, 32-годишниот Дарко Лазовиќ постигна два гола во Серија А првпат во кариерата, за да ги предводи Верона до 2:0 победа над Кремонезе во „дербито на дното“, по кое Верона, конечно, се помрдна од последното место на табелата.
Лазовиќ, кој е во Серија А од 2015 година, стрелаше во 9. и 26. минута, ја осигура првата победа на Верона под водство на новиот тренер Марко Ѕафарони и само втора во разочарувачката сезона за клубот.
Со трите поени, Верона се искачи на 18. место на табелата со 9 поени, дури шест зад зоната за опстанок, каде што се Специја, додека Кремонезе сега е „фенерџија“ со 7 поени и се единствениот клуб во Серија А кој нема победа оваа сезона.
Standings provided by Sofascore