Top Sport

Иго Љорис се повлече од француската репрезентација

Голманот на Тотенхем и капитен на француската репрезентација, Иго Љорис потврди дека се повлекува од репрезентацијата по Светското првенство во Катар, каде што Франција загуби во финалето од Аргентина, јавува „Л’Екип“.

Љорис повеќе од 14 години беше француски репрезентативец, освојувајќи го Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година со „триколорите“. Тој си заминува како фудбалер со најмногу настапи за Франција со 145 настапи.

„Секогаш доаѓа време кога знаеш дека треба да препуштиш на другите. Секогаш сум велел дека француската репрезентација не припаѓа никому лично, и морам да го следам тој пример. Тимот е подготвен да апродолжи за мене, а во Мајк Мањан имаме голман кој е подготвен. Повеќе сакам да заминам кога сум на врвот, наместо да останам и да има пад во перформансите. Исто така, ова е семеен избор, ми треба повеќе време сомојата сопруга и со децата“, вели 36-годишниот Љорис.

Scroll to Top