Top Sport

Карлос Алкараз во Саутемптон

Аргентинскиот фудбалер Карлос Алкараз е нов играч на Саутемптон, потврди неговиот претходен клуб Расинг.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, младиот играч за врска се пресели во Саутемптон за 13.650.000 евра, плус 15 отсто од следниот трансфер.

Алкараз постигна 12 гола со шест асистенции на 83 натпревари за клубот од Буенос Аирес.

Младиот Аргентинец на тој начин му се придружи на хрватскиот репрезентативец Мислав Оршиќ, кој пред три дена потпиша договор со „светците“.

Саутемптон моментално е последен во Премиер лигата со само 12 бода.

 

Scroll to Top