Трансферот на Вут Вегхорст во Манчестер јунајтед се уште е во „магла“. Холанѓанецот е играч на барнли на позајмица во Бешкташ. Турскиот клуб не сака да му дозволи да се врати во Премиер лигата, бидејќи во договорот за позајмица не постои опција тој пред време да биде раскинат.
Вегхорст толку многу сака да се пресели на „Олд Трафорд“, што бил подготвен да го исплати Бешикташ. Додека трае неизвесноста се огласи легендарниот холандски играч, Весли Снајдер.
„Го сакаат Вегхорс? во ред, на почетокот мислев дека се работи за лажна вест. Навистина? Па, има 300 фудбалери како него во Премиер лигата! Мислам дека беа запрепастени од тој негов трик со слободениот удар во четврт-финалето против Аргентина. Дали е тој навистина напаѓачот што му е потребен на еден клуб од рангот на Јунајтед? Јас не мислам така. Не, тоа не може да биде вистина“, изјавил Снајдер во интервју за еден холандски медиум.
Инаку, Вегхорст во првиот дел од сезоната за Бешикташ постигна девет гола на 18 натпревари, а Турците имаат право да го откупат неговиот договор на лето за 8.500.000 фунти.