Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и голманот Тибо Куртоа го подржаа трансферот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија, каде што неговиот поранешен клуб Реал се подготвува за настап во Суперкупот на Шпанија.
37-годишниот Роналдо, кој девет сезони „жареше“ во Реал за да стане најдобар стрелец во историјата на клубот, беше презентиран како фудбалер на Ал-Наср минатата недела по раскинот на договорот со Манчестер јунајтед. Реал ќе играат против Валенсија во Ријад во полуфиналето на Суперкопа во среда, за победникот во финалето во недела да игра со подобриот од мечот помеѓу Барселона и Реал Бетис.
„Мислам дека со потписот на Кристијано се покажува дека ова е земја која сака да се подобри во сите спортови. Го видовме тоа и во Формула 1, во други спортови и во нашето играње тука. Видовме и на Светското првенство, кога ја победија Аргентина“, вели Куртоа.
И Анчелоти го поздрави трансферот.
„Тоа е одлично засилување за Ал-Наср. Му посакуваме на Кристијано само добри работи, бидејќи е легенда на нашиот клуб“, вели Анчелоти.
Шпанскиот суперкуп првпат се оддржа во Саудиска Арабија во 2020 по потпишувањето на богатиот шестгодишен договор за мини-турнир во земјата.