Top Sport

Долгогодишното пријателство е растурено – Гатузо и Анчелоти не зборувале меѓу себе цела година

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид и Џенаро Гатузо, тренерот на Валенсија утре ќе се „судрат“ во шпанскиот Суперкуп и двајцата признаа дека не зборувале еден со друг повеќе од една година по тензиите во Наполи, иако имаа одлична соработка во Милан.

Двајцата италијански тренери на прес-конференции признаа дека веќе ја немааат блиската врска која ја имаа како тренер и фудбалер на Милан, со кои освоија титули од Серија А и трофеј од Лигата на шампиони.

„Кога како фудбалер видов колку Карло дава за тимот, бев подготвен да се фрлам во оган за него. А кога работите не функционираа во соблекувалната на Милан, зборував за доброто на тимот. Тоа беа нашите односи. Сега, работите се поинакви… Не се како што беа. Не сме зборувале повеќе од една година. Го почитувам многу и немам ништо друго да кажам. Тој е еден од најдобрите тренери на светот и заедно победувавме“, изјави Гатузо.

Проблемите започнаа кога Анчелоти доби отказ од Наполи во декември 2019 по „бунтот“ во соблекувалната, кога повеќе фудбалери се побунија на „казнениот тренинг“, нешто што и Анчелоти не го поддржуваше. По ова, тој беше заменет на клупата од Гатузо, кој за италијанските медиуми коментираше дека Анчелоти не ги „направил потребните работи“ околу физичката подготвеност на тимот.

Анчелоти не го заборавил ова.

„Имавме прекрасни моменти заедно, со титула од Лигата на шампиони двапати, нешто што ќе остане со мене засекогаш. Но, односите не секогаш продолжуваат на најдобар начин. Имавме некои проблеми, кои целосно се лични и не сакам да зборувам за нив“, изјави Анчелоти на својата прес-конференција.

Scroll to Top