Top Sport

Македонските ракометари патуваат за Краков, селекторот Лазаров го одреди тимот на СП

Македонската ракометна репрезентација денеска со чартер лет патува за Краков, еден од градовите домаќини на Светското првенство кое стартуваше синоќа со мечот меѓу Полска и Франција (24:26). Селекторот Кирил Лазаров го одреди списокот на патници за Мундијалот, а од конечниот составот отпаднаа три имиња Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски.

Лазаров на Мундијалот ќе смета на 18 ракометари, но и тие што отпаднаа ќе бидат на готовс доколку бидат потребни.

Македонија ќе го стартува Светското првенство на 13. јануари кога ќе се сретне против Норвешка, два дена подоцна е мечот со Холандија, а групната фаза ја завршува на 17 јануари против Аргентина. Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда, последнопласираната ќе игра во Президент Куп.

 

На списокот на селекторот Кирил Лазаров се најдоа следните ракометари:

Голмани: Никола Митревски (Порто) Мартин Томовски (Вардар)

Леви крила: Дејан Манасков (Вардар) Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2)

Леви бекови: Филип Талески (Вардар) Иван Џонов (Т. Пролет)

Среден бек: Филип Кузмановски (Хановер) Игор Ѓоргиев (Алкалоид) Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер)

Десен бек: Томислав Јагуриновски (Т. Пролет) Мартин Серафимов (Алкалоид)

Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) Ненад Костески (Е. Пелистер)

Пикери: Никола Маркоски (Алкалоид) Жарко Пешевски (Е. Пелистер) Марко Стојковиќ (Алкалоид) Костадин Петров (Тор)

Дефанзивец: Михајло Младеновиќ (Алкалоид).

Scroll to Top