Top Sport

Вегхорст доаѓа на „Олд Трафорд“, Бешикташ добива 3 милиони евра

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го реши проблемот во нападот. Неговиот тим ќе го засили репрезентативецот на Холандија, Ваут Вегхорст.

Холанѓанецот доаѓа како позајмен играч од Барнли. Јунајтед се обврза да плати три милиони евра на Бешикташ каде што претходно беше позајмен Вегхорст.

Тој денеска патува за Манчестер каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“.

Вегхорст одигра 16 натпревари за Бешикташ и постигна осум гола.

Пред да дојде во Барнли, тој играше за Емен, Хераклес, АЗ Алкмар и за Волфсбург.

Scroll to Top