Фудбалерот од средниот ред на Њукасл, Жоелинтон бил уапсен во 1.20 часот наутро во четвртокот поради возење во алкохолизирана состојба, и ќе мора да се појави на суд на 26 јануари, два дена по полуфиналето на Карабао купот со Саутемптон.
Њукасл во 2019 платија 40 милиони фунти за трансферот од Хофенхајм, и Бразилецот бргу стана миленик на публиката на „Сент Џејмс парк“. Под новиот менаџер, Еди Хау, тој игра во средината на теренот и има три гола во 21 настап оваа сезона, во која Њукасл играат фантастично и се на третото место на табелата.
🔺NEW: Joelinton, the Newcastle midfielder, was charged with drink-driving in the early hours of Thursday morning and will appear in court at the end of this monthhttps://t.co/SpDT6hM6iD
— Times Sport (@TimesSport) January 12, 2023