Top Sport

Црна Гора немаше сили за сензација против Шпанците

Црна Гора, која на минатото ЕП имаше сензционален настап, не успеа да направи ново ракометно изненадување, губејќи со 30:25 (15:12) од моќната Шпанија во нивниот прв меч на Мунијаот во Полска.

„Фуријата“ покажа зошто повторно е меѓу фаворитите за злато, откако доминираше од почеток до крај, контролирајќи ја играта. Црна Гора успеа да дојде на само гол разлика (18:17) во второто полувреме, но во финишот Шпанците се одвоија на +6 и забележаа побеа. Одриозола постигна шест гола за Шпанија, додека Вујовиќ имаше седум гола за Црна Гора.

Уште еден фаворит, Шведска имаше сигурен почеток, победувајќи го Бразил со 26:18. Откако Бразилците се држеа во игра во првото полувреме, во второто „трите круни“ имаа целосна доминација. Најнеизвесно беше на пресметката Исланд – Португалија, каде што до последните две минути беше израмнето (26:26), пред Исланд да стигне до победа од 30:26.

ГРУПА А
Чиле – Иран 23:24 (11:13)
Шпанија – Црна Гора 30:25 (15:12)
ГРУПА Б
Саудиска Арабија – Словенија 19:33 (8:16)
ГРУПА Ц
Кабо Верде – Уругвај 33:25 (17:11)
Шведска – Бразил 26:18 (11:9)
ГРУПА Д
Унгарија – Јужна Кореја 35:27 (21:11)
Португалија – Исланд 26:30 (15:15)

Scroll to Top