Top Sport

Елмас и Наполи го растурија Јувентус во неверојатното италијанско дерби

Мирисот на скудетото веќе се чувствува во Неапол. Дуелот на првопласираниот Наполи и второпласираниот Јувентус, секогаш е голем натпревар без разлика на местото на табелата, но навивачите на „бјанконерите“ тешко дека ќе можат да се потсетат на натпревар на кој биле така декласирани, посебно по добрата серија на натпревари.

На „Диего Армандо Марадона“ вечерва се славеше епската 5:1 победа за која придонесе и македонскиот репрезнтативец, Елиф Елмас, кој шансата во второто полувреме ја искористи со тоа што го постигна последниот петти гол за „петардата“ над лутиот ривал. Со победата, Наполи се одвои на 10 поени предност пред Милан и Јувентус по 18 меча!

„Пресметката“ помеѓу тренерите Масимилијано Алегри и Лучано Спалети почна пред мечот, кога двајцата уште еднаш си го искажаа своето непријателство со потценувачки изјави, а кога почна акцијата на теренот, Наполи експресно ја прекина одличната серија на Јуве без примен гол. Хвича Кварацхелија во 14. минута му создаде шанса на Виктор Осимен за отварање на резултатот, за потоа тој да му врати со асистенција на Грузиецот во 39. минута. Анхел ди Марија во 42. минута даде надеж за Јувентус, која целосно ја снема во второто полувреме.

Амир Рахмани во 55. минута врати два гола предност за Наполи, Осимен со вториот гол во 65. минута ја најави катастрофата, за Елмас во 71. минута да постигне нов гол и да има време со асистентот Ди Лоренцо да „одигра“ и партија карти.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top