Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, никогаш не ја криел својата љубов кон поранешниот клуб, така што вчерашната 2:1 победа над Манчестер сити во градското дерби ја искористи со ново видео да ги провоцира ривалите и посебно браќата Ноел и Лајам Галагер од рок-бендот Оејзис, страствени навивачи на Сити.
Тој го преправи текстот на хитот на групата „Don’t Look Back in Anger“, со текстот: „Па, Сити може да почекаат, знаат дека е предоцна, ние сме оган“.
Patrice Evra is any Manchester United fan right now 😂😍. pic.twitter.com/kb8xf2G5qV
— Smart Barry🇸🇱🇺🇸🇬🇳 (@SmartBarry3) January 15, 2023