Top Sport

Кантона со порака за Роналдо: Немаш 25 години, угледај се на Златан и Гигс

Легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона му порача на уште еден ексиграч на Јунајтед, Кристијано Роналдо да сфати дека веќе нема 25 години и да го следи примерот на Златан Ибрахимовиќ и Рајан Гигс.

Французинот смета дека Роналдо мора да прифати дека веќе е возрасен и да се однесува така, следејќи го примерот на Ибрахимовиќ, Гигс и Паоло Малдини, кои останаа во своите клубови (Милан и Манчестер јунајтед) за да им помогнат на младите фудбалери и покрај тоа што немаа голема минутажа.

„Има два типа на фудбалски ветерани – тие кои сакаат да играат секој меч бидејќи мислат дека имаат 25 години и тие кои сфаќаат дека не е така и сакаат да им помогнат на младите играчи, и знаат дека нема да играата на секој меч. Има фудбалери кои помагаат на новите играчи: Ибрахимовиќ уште го прави тоа со Милан, Рајан Гигс исто така беше во таква полжба, како и Малдини во Милан. Кристијано уште не сфаќа дека нема 25 години. Наместо тоа се лути што не игра цело време. Треба да ја прифати својата ситуација“, вели Кантона за „Калчомеркато“.

Scroll to Top