Top Sport

Челси со почест за Џанлука Вијали

Навивачите заедно со сегашните и поранешните играчи на Челси му дадоа последна почест на својот поранешен фудбалер, Џанлука Вијали, кој почина на 6 јануари по борбата со ракот на панкреасот на само 58 години.

Вијали се приклучи на Челси во 1996 година, за следната сезона да стане менеаџер и играч. Со „сините“ тој го освои ФА купот, Лига купот, Купот на куп победници и УЕФА Суперкупот, станувајќи само еден од деветте фудбалери кои имаат победи во сите три големи европски натпреварувања.

На теренот на „Стемфорд Бриџ“ се појавија поранешните соиграчи на Вијали, додека навивачите покажаа два банери во чест на Италијанецот.

Scroll to Top