Top Sport

Пјаниќ денес ќе го продолжи договорот со Јувентус

Без оглед на тоа што неколку силни европски тимови покажуваа сериозен интерес за Миралем Пјаниќ, репрезентативецот на БиХ, ќе остане во Јувентус.

Според италијанските медиуми, Пјаниќ, денес треба да го обнови договорот со „старата дама“. Според новиот договор тој ќе заработува седум милиони евра по сезона, што е за 2,5 милиони повеќе од неговата претходна плата. Според новиот договор играчот ќе остане во Јувентус до јуни 2022 година.

Пјаниќ заедно со Дибала ќе биде вториот најплатен играч на Јуве. Прв на оваа листа е Кристијано Роналдо кој годишно заработува 30 милиони евра.

Пјаниќ е член на Јувентус од 2016 година кога пристигна од Рома за сума од 32 милиони евра.

Ова лето „старата дама“ ги одби понудите на Челси, Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер сити за неговите услуги.

Scroll to Top