Ако високиот пораз од Норвешка беше помалку или повеќе очекуван, малкумина очекуваа реприза на бледиот настап на македонската ракометна репрезентација против Холандија, откако по првите 30 минути губиме со неверојатни седум разлика (18:11) од „портокаловите“, кои на претходниот меч со Аргентина ја забележаа првата мундијалска победа над Аргентина.
Слабата игра во одбраната, комбинирана со нивниот фантастичен голман, Барт Равенсбергер, Македонија имаше 3:2 водство, по што нашата игра се распадна и дозволивме противникот да прави што сака на теренот.