Top Sport

Атлетико пак потфрли, само реми кај Алмерија

Атлетико Мадрид повторно ги разочара своите навивачи, откако на гостувањето кај нископласираната Алмерија одиграа само 1:1, продолжувајќи ја лошата серија против клубот кого го имаат победено само еднаш на гости во шест меча во Ла лига.

Анхел Кореа ги донесе гостите во водство во 18. минута, но пред крајот на полувремето, Ел Билал Туре израмни за Алмерија. Атлетико имаше совршена шанса за победа во 74. минута, кога Алваро Мората беше во шанса, но на крајот тие останаа со 10 играчи по црвениот картон за Серхио Регуилон.

„Јорганџиите“ имаат само една победа во последните пет меча и сега се на четвртото место со 28 поени, колку имаат и Вилјареал на петтото место. Алмерија е на 13. место со само три поени над зоната за испаѓање.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top