Top Sport

Роналдо, сепак, не го потпишал контроверзниот „таен“ договор со Јувентус

Кристијано Роналдо не ставил потпис на контроверзниот договор за одложена исплата на платите со Јувентус, тврди новиот документарен филм на РАИ околу финансискиот скандал во клубот од Торино.

Претходно се тврдеше дека Роналдо потпишал договор со кој му се гарантираат 19 милиони евра, кои претходно му беа „одземени“ со мерките за штедење поради пандемијата на КОВИД-19, но неговиот адвокат иако признава дека постои таков документ, потпис на него има само од страната на Јувентус. Запрашан зошто Роналдо не го потпишал, адвокатот порачува: „Бидејќи доби добри совети“.

Роналдо неодамна побара исплата на 19-те милиони евра кои Јувентус му ги должат.

Scroll to Top