Top Sport

Ришарлисон му се извини на сонародникот Мартинели откако одби да се ракува со него

Ѕвездата на Тотенхем, Ришарлисон откри зошто одбил ракување со својот бразилски сонародник, фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели на вчерашното жестоко дерби на северен Лондон. Арсенал стигнаа до 2:0 убедлива победа, а Ришарлисон влезе во игра на 19 минути пред крајот и тоа беше доволно да направи неколку контроверзи.

„Сакам да му се извинам на Мартинели, му кажав дека премногу симулира, и затоа не се ракував со него. Исто така со Габриел Магаљаеш, нему му кажав дека само ја стопираат играта. Му кажав: ‘Ајде играјте’“, вели Ришарлисон.

Тој исто така беше вклучен во инцидентот со голманот Арон Ремсдејл, кој беше клоцнат од еден лут навивач на Тотенхем, откако Ришарлисон се караше со него.

„Не ми се допаѓаше нивниот голман. Тој прославуваше пред нашите фанови и тоа е непочитување. Нека слави со своите навивачи“, вели Ришарлисон.

Scroll to Top