По вчерашниот пораз на Пари Сен-Жермен од 1:0 од Рен, француските медиуми се „свртеа“ против Нејмар, оценувајќи го како „најголемото разочарување“ во историјата на фудбалот. Познатиот спортски весник „Л’Екип“ беше лидер во критиките, оценувајќи ги неговите 15 гола и 13 асистенции во 22 меча оваа сезона како „безначајни“.
„Исто како против Анжер во средата, Бразилецот секогаш бараше топка и сакаше сам да ја решава ситуацијата. Резултатот на тоа беше многу загубени топки и ниту малку опасност за голот на Рен. Загрижувачки перформанси на само еден месец пред дуелот со Баерн. Дали сфаќаме дека Нејмар, во однос на парите кои ПСЖ ги даде да го купи и платата која ја заработува е најголмото разочарување во историјата на фудбалот? Не можам да замислам друг ваков случај во однос на трошоците“, вели новинарот Даниел Риоло во својот коментар.
ПСЖ го доби Нејмар откако ја плати неговата откупна клаузула од 222 милиони евра за шокантен трансфер од Барселона во 2017 година.