Менаџерот на Дејвид Мојс искрено признва дека би бил подготвен да се врати во Манчестер јунајтед, но не на позиција на менаџер, откако како наследник на Сер Алекс Фергусон остана само 10 месеци на „Олд Трафорд“.
Шкотланѓанецот беше именуван за менаџер на Јунајтед во 2013 година по избор на Фергусон, откако претходно 11 години беше менаџер на Евертон. Тој потпиша шестгодишен договор и започна со титула од Комјунити шилд, но бргу доби отказ и беше заменет со Луис ван Гал. Мојс се врати како тренер на Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест хем.
„Тоа не би било во улога на менаџер, тоа е сигурно, таа шанса замина. Но, сакам да останам во фудбалот и се надевам дека во иднина би можел да го искористам моето искуство кога ќе завршм со менаџерската работа. Дали сега би се вратил ако ми се јават? Не, имаат добар менаџер и мислам дека нема таква шанса. Јас кога го преземав Јунајтед имаше доста проблеми – дел од фудбалерите беа пред крајот на својата кариера, но бев горд што ја прифатив шансата да бидам во така голем клуб, во англиски шампион“, вели Мојс.