Top Sport

Магичниот гол на Елиот ги однесе Ливерпул во четврт-финалето на ФА купот

Ливерпул, откако имаа среќа што на Вулверхемптон им беше поништен гол во првиот меч, успеа да стигне до 1:0 победа на „Молињу“ во повторениот меч од третото коло на ФА купот, за да обезбеди дуел на гости со Брајтон во 1/16 финалето, истиот тим кој во саботата ги совлада со 3:0.

„Џокер“ на Јирген Клоп беше тинејџерот Харви Елиот, кој доби шанса да биде стартер во куп-мечот, и го искористи ова за во 13. минута да го постигне сигурно најубавиот гол во својата (кратка) кариера за рано водство. Тимот на Хулен Лопетеги не се откажа и имаше повеќе посед и повеќе удари на голот на Келехер, но на крајот „црвените“ опстанаа за враќање на самодовербата по лошата низа од резултати.

ФА КУП, 3.КОЛО, ПОВТОРЕНИ МЕЧЕВИ

Вулверхемптон – Ливерпул 0:1
Форест Грин – Бирмингем сити 1:2

Scroll to Top