Николо Ѕаниоло, наводно, побарал неговиот менаџерски тим да му обезбеди трансфер од Рома по интересот на премиерлигашите Арсенал и Тотенхем, тврди „Калчомеркато“. 23-годишниот италијански репрезентативец немаше најдобра сезона во Рим, а покрај тоа постојано се шпекулира за неговата посветеност кон клубот и желбата да замине од „Олимпико“.
Тренерот Жозе Мурињо јавно го бранеше својот фудбалер, но според „Калчомеркато“ ситуацијата во Рома е тензична и Ѕаниоло по 1:0 победата над Џенова побарал од своите агенти да работат на трансфер. Тој не играше на мчот со Фиорентина, официјално поради болест.
„Волчицата“ е подготвена да му ја исполни желбата на 23-годишниот Ѕаниоло, поставувајќи цена од 35 до 40 милиони евра, а исто така се подготвени за позајмица со обврска за купување. Покрај Арсенал и Тотенхем, во минатото и Вест хем, Лидс и Њукасл биле заинтересирани за фудбалерот од средниот ред.