Top Sport

Ерик Баји доби суспензија од седум меча за „кунг-фу“ ударот

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Ерик Баји, кој игра како позајмен играч во Олимпик Марсеј доби суспензија од седум меча за еден од најбруталните стартови во последната деценија над фудблерот на Хиерес, Алимке Муса Н’Диаје во меч од Купот на Франција.

26-годишниот Н’Диаје по овој брутален старт заврши во болница каде што му беа дијагностицирани неколку скршени ребра, како и модринки на црниот дроб.

Баји одигра само шест меча за Марсеј по позајмицата од Манчестер јунајтед, каде што најверојатно ќе се врати по крајот на сезоната.

Scroll to Top