Серхио Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, но признава дека се чувствува осамен во Англија и додава дека ривалот од Манчестер јунајтед, Давид де Хеа е неговиот најдобар пријател.
Двајцата се познаваат од времето кога играа заедно во Атлетико Мадрид, но сега се ривали на теренот. Агуеро не е во најдобри односи со сопругата и таа и неговиот син живеат во Јужна Америка и тој ги посетува еднаш месечно. Во другите моменти, Агуеро е сам.
„Бенјамин живее со неговата мајка во Аргентина бидејќи таму оди во школо. Доаѓа тука една недела секој месец. Тој има посебна соба кај мене, но повеќето време сум сам. Ако не сум сам, тогаш се дружам со Нико Отаменди или со Давид де Хеа. Со Давид сме многу добри пријатели, иако игра за Јунајтед“, признава Агуеро.