Top Sport

Газдата на Челси се вмеша во онлајн дискусијата Мудрик-Тросар и си гласаше за „своите“

Новиот газда на Челси, Тод Бели преку социјалните мрежи јасно порача дека смета дека „сините“ завршиле подобра работа во јануарскиот преоден рок со потписот на Михајло Мудрик, отколку ривалите Арсенал со носењето на Леандро Тросар, во необична вмешаност на еден газда во „расправиите“ меѓу фановите на Твитер.

Бели реагираше на пост кој постави прашање кој завршил „добар бизнис“ – Челси со 100-те милиони евра за Мудрик, за што ги победија токму Арсенал, или „топчиите“ со 30-те милиони евра за Тросар.

Мудрик би можел да дебитира веќе утре за Челси во дербито со Ливерпул, додека Тросар во недела може да го облече дресот на Арсенал во „пресметката“ со Манчестер јунајтед.

 

Scroll to Top