Top Sport

Ајнтрахт дојде на пет поени од Баерн, катастрофа на Фрајбург кај Волфсбург

Фрајбург му го препушти второто место на табелата во Бундеслигата, откако по долгата пауза во кој се спои Светското првенство со традиционалната зимска пауза во Германија, шампионтот продолжи со 16. коло.

Фрајбург, кои во досегашниот дел од шампионатот беа најблиски ривали на шампионот Баерн Минхен, доживеаја катастрофален 6:0 пораз на гостувањето кај Волфсбург, додека Ајнтрахт со 2:0 го победи Шалке во најинтересните саботни мечеви. Патрик Вимер го почна гол-шоуто за Вердер уште во петтата минута во мечот, по што Јонас Вилд во 28. и 37. минута стрелаше за 3:0 на полувреме. Фрајбург беа „дотепани“ во второто полувреме – Јаник Герхарт ја продолжи низата во 50. минута, Баку во 81. минута зголеми на 5:0, за Лука Валдшмит од пенал во 94. минута ги постви конечните 6:0.

Јеспер Линдстром постигна гол во 22. минута, и му асистираше на Рафаел Боре во 84. минута за победат на Ајнтрахт над слабите Шалке, пред Бута во 91. минута да стави точка на мечот. Израмнети со 30 поени, пет помалку од Баерн, сега се Ајнтрахт, Фрајбург и Унион Берлин, кои со 3:1 ги совладаа Хофенхајм.

БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО
Волфсбург – Фрајбург 6:0
Бохум – Херта 3:1
Ајнтрахт Франкфурт – Шалке 3:0
Штутгарт – Мајнц 1:1
Унион Берлин – Хофенхајм 3:1


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top