Легендата на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам доживеа да биде „истролан“ од неговиот син, навивачот на Арсенал, Ромео Бекам по драматичната 3:2 победа на „Емирати“ во неделата.
Ромео Бекам, кој во моментов игра во Б-тимот на Брентфорд, беше присутен на стадионот покрај неговиот татко со забележителен црвено-бел шал на Арсенал, и по победата реши да го „поздрави“ со порака на Инстаграм: „Спиј мирно, тато“.
Постариот Бекам претходно зборуваше за тоа зошто неговиот син не е фан на „ѓаволите“.
„Се обидов да им давам дресови на Манчестер јунајтед претхоно. Двајца од нив се навивачи на Јунајтед, но еден навива за Арсенал. Не знам како тоа се случи, но мојот среден син Ромео е голем навивач на Арсенал. Сепак, знам како се случи. Го однесов на меч на Арсенал и Арсен Венгер толку добро се однесуваше со него и му подари дрес со неговото име“, изјави пред две години Дејвид Бекам.