Top Sport

Кремонезе останува без победа и по 19 кола во Италија, откако првпат водеа на еден лигашки меч!

Кремонезе останува закован на дното на италијанската Серија А, откако првпат оваа сезона поведоа, за на крајот да се задоволат со 1:1 реми на гостувањето кај Болоња. Сепак, новиот прволигаш останува единствениот клуб во лигата кој уште нема победа.

Нигериецот Дејвид Окереке во 50. минута со гол од пенал ги донесе гостите на „Ренато Дал’Ара“ во водство, но славјето траеше само пет минути, откако Виктор Кирикеш си постигна автогол. Во самиот финиш на мечот, Кремонезе дури имаа надежи за победа, кога првично беше покажан пенал, за потоа по ВАР-проверката оваа одлука да биде променета.

Кремонезе остануваат последни со само осум освоени поени, иако во Купот направијa сензација со елиминацијата на Наполи. Болоња се на 11. место со 23 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top