Арсенал го потврдија потписот на полскиот централен бек Јакуб Кивиор од италијанска Специја за 20 милиони фунти, во уште едно засилување за тимот на Микел Артета. 22-годишниот Кивиор, кој има 9 настапи за Полска, а помина сезона и пол во Специја треба да биде алтернатива на Габриел Магаљаеш, кој стартуваше 20 од 21 меч на „топчиите“ оваа сезона.
Кивиор, исто така, може да игра и на позиција на лев бек, но и на централен играч за врска, нешто што Артета сигурно го цени. За него беа заинтересирани Милан и Јувентус, но тој станува второто засилување за Арсенал по трансферот на Леандро Тросар од Брајтон.