Преодниот рок во НБА лигата започна со трејдот што го направија Вашингтон Визардс и ЛА Лејкерс.
Руи Хачимура се пресели во Лос Анџелес. За Јапонецот Визардс го добија Кендрик Нан и три пика од втората рунда на наредните драфтови.
Хачимура ја игра својата четврта сезона во НБА лигата и за 24 минути на теренот има просек од 13 поени и 4,3 скока.
Веќе со недели се шпекулираше дека Визрадс се подготвени да го разменат Јапонецот чиј договор истекува на крајот од сезоната. Вашингтон не сакаше да му понуди нов договор, поради што е и логиќна одлуката тој да биде трејдуван.
Со ова Лејкерси добиваат добар кошаркар кој може да игра како крило и како крилен центар.
Преодниот рок во НБА лигата ќе трае до 9.февруари.