Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ имаше операција на коленото во мај минатата година и оттогаш не се врати на теренот. Членот на Милан пропушти поголем дел од оваа сезона, а неговото враќање долго се чекаше. Сепак, денеска дојде добра вест за навивачите на италијанскиот клуб, бидејќи објави видео на кое се гледа како почнал да тренира со топка.
Ибрахимовиќ досега тренираше индивидуално во сала за кревање товар, а официјалното враќање на теренот се очекува за еден месец, поточно пред натпреварите во Лигата на шампионите.
Шведскиот репрезентативец требаше да биде во составот за натпреварот од Суперкупот против Интер, но неговото враќање потоа беше продолжено. Се чини дека Ибрахимовиќ многу брзо ќе го облече дресот на Милан со кој минатата сезона ја освои шампионската титула.