Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден извонреден меч на годинашниот Австралија опен. Два дена по убедливиот триумф над Австралиецот Алекс Де Минор, Ѓоковиќ во ист стил во четврт-финалето одигра против рускиот тенисер Андреј Рубљев, моментно шестопласиран на АТП листата.
Тој го израмни рекордот на Андре Агаси за најмногу врзани победи на гренслем турнирот во Мелбурн. Ова е 26. триумф во низа за Новак Ѓоковиќ на „Род Лејвер Арената“.
Србинот го доби мечот за два часа и четири минути триумфирајќи со 3:0 во сетови (6:1, 6:2, 6:4).
Во полуфиналето Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Американецот Томи Пол, кој претходно го победи сонародникот Бен Шелтон со 3:1 во сетови.