Top Sport

Жервињо се враќа во Италија, ќе потпише за Парма

Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска, Жервињо (31), се враќа во Серија А, каде во периодот од 2013 до 2016 година го нисеше дресот на Рома.

Жервињо, во текот на денот треба да ги мине лекарските прегледи и потоа да потпише договор со Парма.

Екипата што по четири години се врати во Серија А, Жервињо, ќе го добие бесплатни, бидејќи тој ќе го раскине својот договор со кинескиот тим Хебеи.

Жервињо во Парма ќе заработува еден милион евра годишно, што е значително помалку од деветте милиони евра што ги имаше во Хебеи.

Во Серија А, како фудбалер на Рома, има одиграно 71 натпревар, а успеал да постигне 17 гола.

Scroll to Top