Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не би сакал да го има Манчестер сити на неговиот пријател Пеп Гвардиола како ривал за титулата оваа сезона за тоа да не го растури нивното пријателство.
Арсенал в петок играат со Сити во четврт-финалет на ФА купот, а покрај тоа двата клуба се најголеми ривали за трофејот во Премиерлигата и Артета се надева дека тоа нема да влијае на нивното пријателство. Артета помина три години како помошник на Гвардиола во Сити, за да ја прифати понудата на Арсенал во 2019 година.
„Чувството е чудно. Сакам да му се случуваат само најдобри работи, искрено, а кога се бориш со некого за вави работи, нешто доаѓа меѓу вас. Секогаш се надевав дека со Арсенал можеме да сме конкуренти за трофеите, и конечно, тоа се случуваа оваа сезона. Нема да се смени нашето пријателство, моментите кои ги имавме, колку беше важен во мојот живот и во мојата професија. Двајцата ќе се бориме да ги браниме нашите клубови како и секогаш. Но, повеќе би сакал да имам таква битка со некој друг“, признава Артета.