Top Sport

Собослаи ги донесе Лајпциг на само поен од Баерн!

Унгарскиот ас Доминик Собослаи постигна два гола за да ги предводи РБ Лајпциг до 2:1 победа над Штутгарт во првиот меч од 18. коло во германската Бундеслига, со што „биковите“ дојдоа на само еден поен од лидерот Баерн Минхен.

Собослаи го отвори резултатот во 25. минута, а својата одлична форма оваа сезона Унгарецот ја продолжи во второто полувреме со вториот гол во 49. минута по асистенција на Андре Силва. Штутгарт успеаја финишот на мечот да го направат интересен, откако беше досуден пенал, а Крис Фурих беше сигурен реализатор во 68. минута.

РБ Лајпциг сега се на второто место на табелата со 35 поени, еден поен зад Баерн (кои утре играат со Ајнтрахт во дербито на колото), додека Штутгарт се само на 15. место со 16 поени, исто како и 16-пласираниот Бохум (со натпревар помалку).


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top