Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, како и сите боксери во тешка категорија, знаат да предизвикаат шоу, понекогаш повеќе надвор од рингот, отколку во него.
На „мерењето“ на Фјури пред мечот со Франческо Пјанета во хотелот „Еуропа“ во Белфаст, „улета“ и ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, и нормално следуваше шоуто. Прво таткото на Фјури, Џон се закани дека ќе го истепа Вајлдер, по што Американецот одговори: „Ќе го викнам дедо ми од гробот да те нокаутира“.
? “BOOOOOOMBBB SQUUAAAAD!” ?
? “YOU CAN’T BEAT ME!”
It all kicked off between @BronzeBomber and John Fury when he gatecrashed @Tyson_Fury‘s weigh-in! ?? pic.twitter.com/m4urHdN9UQ
— Boxing on BT Sport (@BTSportBoxing) August 17, 2018
Џон Фјури, кој во својата младост беше активен како боксер без ракавици, се налути и мораше да биде одвлечкан. Потоа, неговиот син Тајсон влета во ресторанот на хотелот за да го предизвика Вајлдер.
Tyson Fury and Deontay Wilder went head-to-head when they saw eachother in a hotel lobby in Belfast!pic.twitter.com/KkRFnDrJA0
— talkSPORTDrive (@talkSPORTDrive) August 17, 2018
Секако, ова е дел од „кревањето на температурата“ пред можниот дуел на есен на двајцата боксери ако како што се очекува, Фјури бргу ќе го „суреди“ Пјанета во сабота.