Top Sport

Унион Берлин победија во градското дерби

Се одиграа пет натпревари од 18.коло во Бундес лигата. Победи забележаа Унион Берлин, Вердер, Борусија Менхенгладбах, Мајнц и Фрајбург.

Унион во дербито за Берлин ја победи Херта со 2:0. Ова е трета победа во исто толку натпревари за Унион од почетокот на вториот дел од сезоната. Стрелци беа Данило Доеки во 44. и Пол Сегвин во 67. минута.

Вердер ја прекина серијата од четири порзи. На „Везер“ стадионот, Вердер го победи Волфсбург со 2:1. Волфсбург ја прекина серијата од шест победи.

Херојот на Зелените беше Никлас Филкруг. Незапирливиот бомбардер двапати ја тресеше мрежата на Волфсбург, најпрво во 24. минута од пенал, а потоа и во 77. минута.

Тој стигна до бројката од 13 гола и во моментов е прв стрелец во Бундеслигата.

Мајнц убедливо со 5:2 го совлада Бохум, а Фрајбург ја оствари првата победа во вториот дел од сезоната, победувајќи го Аугсбург со 3:1 на домашен терен. Борусија Менхенгладбах ја забележа првата победа по заминувањето на голманот Јан Зомер. Гладбах славеше на гостински терен против Хофенхајм со 4:1.

Scroll to Top