Ракометните селекции на Данска и на Франција ќе имаат вечерва голема финална пресметка во Стокхолм во битката за тронот. Мечот ќе го судат македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а Данска ќе се обиде да направи нешто што никој не го направил во изминатите 85 години на ракометните мундијали.
Досега ниедна селекција во историјата не успеала трипати по ред да ја освои титулата. Шведска (1954 и 1958), Романија (1961 и 1964 и 1970 и 1974) и Франција (2015 и 2017) досега имаат освоено две првенства по ред, но ниту една немаше можност да игра за третото злато.
Данците се актуелни освојувачи, а ќе ја предизвикаат Фрација, која ќе јуриша на седмото светско злато во историјата.