Ракометната репрезентација на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство откако во натпреварот за третото место го победи домаќинот Шведска со 36:39.
„Црвената фурија“ одигра фантастичен втор дел, а своите соиграчи ги инспирираше голманот Коралес кој имаше неколку одлични одбрани.
Ова беше дуел со многу голови, речиси и без одбрани, во кој Шведска добро се снаоѓаше во првото полувреме. Го доби тој период со 22:18.
Но, во второто полувреме селекторот на Шпанија ја промени одбраната во 5-1, а тоа донесе и серија од 6:1, со која „фуријата“ го сврте резултатот.
Во последните десет минути Шпанците влегоа со позитива од три гола (30:33), а успеаја да ја задржат и до крајот. Алекс Душебаев со седум гола беше предводник во селекцијата на Шпанија.
Во натпреварот за петтото место, Германија ја победи Норвешка со 28:24, додека седмопласира е Египет кој по продолженија ја совлада Унгарија со 36:35.
Во финалето од 21 часот, ќе играат селекциите на Данска и на Франција.