Наполи се зацврсти на врвот на табелата во Серија А откако славеше во „дербито на сонцето“ против Рома со 2:1. Тимот на Елиф Елмас сега има 13 бода предност на врвот во однос на Интер.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 69.минута на местото на Хварацкелија, а Виктор Осимен го доведе Наполи во водство со голот во 17.минута.
Рома долго бараше израмнување и успеа да стигне до него со погодокот на Стефан Ел Шарави во 75.минута.
Но, Наполи не дозволи бодовите да заминат од Неапол. Џовани Симеоне во 86.минута го постигна победничкиот гол за составот на Спалети.