Top Sport

Евертон нудат 45 милиони фунти за Конор Галагер

Неколку часа откако го именуваа Шон Дајч како нов менаџер, Евертон понудиле 45 милиони фунти за трнсфер на ѕвездата на Челси, Конор Галагер, јавуваат британските медиуми.

„Карамелите“, кои ги очекува тешка борба за опстанок во Премиерлигата, ќе се обидат да го засилат составот откако го загубија Ентони Гордон, кој замина во Њукасл. И покрај понудата од 40 милиони фунти, плус 5 милиони во бонуси, 22-годишниот Галагер не сака да замине од Челси, откако претхдно ги одбил и Нотингем, Саутемптон, Кристал палас и Њукасл.

Галагер минатата сезона беше на позајмица во Палас, но се врати во матичниот клуб на стартот на ова сезона во обид да се пробие во првиот тим.

Scroll to Top