Top Sport

Опасно! Европски шампион се удри во телефон на невнимателен гледач

Европскиот шампион, Фабио Јакобсен избегна посериозна повреда и покрај тоа што доби удар во лицето од телефон на невнимателен гледач на 50 метри пред финишот на етапа на Сан Хуан трката во Аргентина.

Двонеделната трка, во која Јакобсен веќе имаше една побед, завршуваше во Сан Хуан, но гледачите очигледно беа преблиску до натпреварувачите, откако Холанѓанецот Јакобсен во оби да го помине Австралиецот Сем Велсфорд доби силен удар. Негвите очила за сонце, заедно со телефонот завршија на асфалтот, а Јакобсен заврши со гребнатинки на лицето.

„Некој ја пушти ракат со телефон. Ова делумно беше моја вина, но мислам дека имаше простор да поминам. Не ја видов раката. Имам исеченица и малку ме боли, но можеше да биде многу полошо“, вели Јакобсен.

Scroll to Top