Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен нема да игра најмалку три месеци откако се повреди по грубиот старт на Енди Керол на натпреварот од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Ридинг (3:1).
„Кристијан Ериксен ќе паузира подолг период поради повреда на зглобот заработена на победата над Ридинг во ФА Купот. Нашиот играч од средниот ред ја напушти играта во второто полувреме откако беше соборен од Енди Керол, а подоцна тој беше исклучен поради два жолти картони. Првичните проценки велат дека Ериксен ќе се врати кон крајот на април или почетокот на мај. Неговото отсуство е големо разочарување за тренерот Ерик тен Хаг и навивачите, со оглед на тоа што играше константно оваа сезона“, објави Манчестер Јунајтед.
Speedy recovery, @ChrisEriksen8 🙏#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 31, 2023