Интер потврди дека ќе го тужи претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас за неговите коментари околу обидот на „нераѕурите“ да го донесат Лука Модриќ од Реал Мадрид.
Според претседателот на шпанската лига, Интер „немаат пари да купуваат играчи, а потоа нудат планина пари“, посочувајќи дека се работи за пари со „сомнително потекло“. Тој исто така ги обвини Интер дека се користат со „трикови“, а не го поштеди ниту Јувентус во коментарите околу трансферот на Кристијано Роналдо.
„Нашата лига ги губи големите ѕвезди, видете што прават Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, но оваа година и Јувентус и Интер. Од каде му пари на Јувентус за Кристијано Роналдо? Од каде е изворот на парите на Интер за Лука Модриќ? Мислам дека користат некои трикови за да ги задоволат фудбалерите, како што правеше ПСЖ со Нејмар“, изјави Тебас во интервју за „АБЦ“.
„Интернационале објавува дека ќе поднесе тужба против г-динот Хавиер Тебас по неговите коментари во печатот“, се вели во соопштението на Интер.
Official club statement following comments made today by Mr Javier Tebas.
? https://t.co/JaKC91F6jO#FCIM pic.twitter.com/wobPXoGe4b
— Inter (@Inter_en) August 17, 2018