Top Sport

Официјално: Жоржињо е „топчија“

Арсенал го потврдија трансферот на италијанскиот фудбалер од средниот ред, Жоржињо од лондонските ривали Челси во договор вреден 12 милиони фунти.

31-годишниот Жоржињо, чиј договор со Челси завршуваше на крајот на сезоната, потпиша 18-месечен договор со „топчиите“ со опција заз продолжувње за уште една сезона. Арсенал ќе платат 10 милиони фунти веднаш, и дополнителни 2 милиони фунти како бонуси. Тој стана опција за тимот на Микел Артета откако не успеаја да го добијат Моисес Каиседо од Брајтон со понуда од 70 милиони фунти.

Жоржињо не се вклопува во тактиката на Артета за помлади фудбалери во неговиот тим, но со своето искуство ќе биде совршена поддршка за Томас Парти.

„Жоржињо е играч од средниот ред со интелигенција, лидерски способности и огромно искуство во Премиерлигата и на интернационално ниво. Тој освојуваше работи во својата кариера, но ни носи глад за титули“, изјави Микел Артета.

Scroll to Top