Top Sport

Задар соочен со неизвесна иднина, неколку играчи ќе го напуштат клубот

Кошаркаскиот клуб Задар, најпријатното изненадување во АБА лигата, се соочува со неизвесна иднина. Во клубот неколку месеци доцнат платите, поради што кошаркарите најавија заминување.

Минатата недела, водечкиот во МВП трката, Лука Божиќ, за хрватските медиуми изјави дека ќе го напушти клубот доколку не добие некоја од заостанатите плати. Тој откри дека во тимот имало кошаркари кои не добиле плата од почртокот на сезоната.

За Божиќ интерс покажаа неколку клубови од Шпанија. Наводно фаворит за неговиот потпис е Бетис од Севиља.

За Карло Жганец, се интересира полска Легија, а во Полска би можел да му се приклучи и Антонио Јордано. За Дарио Дрежњак е заинтересиран неименуван клуб од Германија, но тој наводно засега сака да остане во Задар.

Штета што сето ова му се случува на Задар токму сега кога бележат одлични резултати во АБА лигата каде по 17 натпревари имаат учинок од девет победи и осум порази.

Scroll to Top