Top Sport

17 години ја чекаше правдата – Падовано не е дилер

Поранешниот напаѓач на Јувентус и Наполи, Микеле Падовано (56) е ослободен од обвиненијата за продажба на дрога, пренесува „Ла Република“.

Падовано беше уапсен во 2006 година под сомнение дека препродавал хашиш. Обвинителството побара затворска казна од 24 години, но тој е осуден на шест години и осум месеци.

Претходно Падовано Касациониот суд ја поништи пресудата, која потоа падна и пред Апелациониот суд.

„Пред 16 години светлината во мојот живот згасна. Денеска темнината се расчисти, за малку ќе ослепев, но повторно ми се стопли срцето и се расплакав. Им благодарам на правдата, на адвокатите, на сопругата, на синот и на сите кои секогаш веруваа во мене“, изјави Падовано.

„Никогаш не се сомневавме во невиноста на нашиот клиент. Многу ни е драго што темелното разгледување на случајот од страна на Апелациониот суд конечно му го врати достоинството и животот на Падовано“, додадоа адвокатите Микеле Галасо и Џакомо Францини.

 

Scroll to Top