Фудбалскиот клуб Интер најави дека ќе поднесе тужба против првиот човек на ла Лига, Хавиер Тебас, поради изјавите што тој ги давал по повод желбата на италијанскиот клуб да го донесе Лука Модриќ.
„Интер може да потврди дека ќе поднесе тужба против господинот Хавиер Тебас по повод изјавите што тој ги даваше по медиумите“, пишува во соопштението на италијанскиот клуб.
Тебас, во своите изјави, ги критикувал клубовите какво што се ПСЖ и Манчетсер сити и изразил сомнеж дека Интер има доволно пари да реализира трансферот на Модриќ.
„Некогаш мораш да се запрашаш зошто постојат клубови што не се во приватна сопственост, бидејќи тие кога купуваат играчи само го „пумпаат“ пазарот“, реко,Тебас и дополнил дека многу би сакал да дознае како Јувентус платил 100 милиони евра за Кристијано Роналдо.
„Понудата што Интер ја испрати за Модриќ е трик, а она што го направи ПСЖ со Нејмар е измама“, рекол Тебас.
Покрај Интер, по повод ваквите изјави на првиот човек на Ла Лига се огласи и Серија А со соопштение во кое се вели дека се „изненадени и навредени“ од изјавите на Тебас.