Рафаел Варан во четвртокот го шокираше селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам, откако објави дека повеќе нема да игра за „триколорите“.
Стоперот на Манчестер јунајтед има само 29 години, со години игра на највисоко ниво, а само што влегува во зенитот на кариерата, но повеќе не сака да игра за „триколорите“.
Варан беше незаменлив во тимот на селекторот Дидие Дешам на претходните две светски првенства каде Французите стигнаа до финалето.
Во Русија во 2018 година, Варан ја командуваше одбраната на светските шампиони, додека во Катар минатата година, Франција загуби во финалето од Аргентина.
Одличниот дефанзивец за Франција дебитираше во 2013 година во квалификациите за Светското првенство во Бразил против Грузија кога неговата репрезентација победи со 3:1. На Мундијалот во Бразил, Франција испадна во четвртфиналето од Германија, која подоцна ја освои титулата.
Две години подоцна, Франција беше домаќин на Европското првенство и стигна до финалето каде Португалија беше подобра. Со националниот тим ја освои и Лигата на нации во 2021 година.
Варан одигра 93 натпревари за Франција, постигна пет гола.